„Сексуалното насилство што се користи како воено оружје е срамно злосторство“, кажа во понеделникот папата Франциско.
„Сексуалното насилство кое се користи како оружје за војна е, за жал, широко распространета реалност“, напиша папата Франциско во објава на социјалната мрежа Твитер по повод Меѓународниот ден против сексуалното насилство во вооружените конфликти.
Тој истакна дека ова срамно злосторство мора да се осуди и никогаш да не се ставе „под тепих“.
„На преживеаните од сексуално насилство во конфликти, на секое дете и ранет возрасен им порачувам: додека насилниците ве третираат како предмети, Бог го гледа вашето достоинство и ви повторува колку сте скапоцени во неговите очи затоа што сте достојни за почит и љубов“, се вели во објавата на папата Франциско.