Папата Франциск ги повика властите да ги спречат шверцерите со мигранти во Средоземното Море

– Папата Франциск ги повика денеска властите да ги спречат шверцерите со мигранти во Средоземното Море и изразија жалење за минатонеделниот бродолом со мигранти кај италијанскиот брег во кој загинаа десетици луѓе.

„Го повторувам мојот апел да не се случуваат вакви трагедии повторно. Нека бидат спречени шверцерите со луѓе“, рече папата во неговото неделно обраќање до собраните луѓе на плоштадот „Свети Петар“.

Локалните власти соопштија дека досега се извлечени 70 тела по бродоломот кај италијанскиот брег. Мигрантите тргнале од Турција кон Италија, а биле од Авганистан, Пакистан, Иран, Сомалија и Сирија.

Околу 80 мигранти преживеаја откако бродот се распадна и потона во разбрануваното море во близина на одморалиштето Стекато ди Кутро во источна Калабрија. Се проценува дека на бродот имало околу 200 луѓе. Тројца осомничени шверцери со мигранти беа уапсени оваа недела и обвинителите почнаа да го истражуваат начинот на кој службите за итни случаи одговориле на катастрофата, по обвинувањата дека властите бавно реагирале.