– Папата Франциск од 28 до 30 април ќе престојува во официјална посета на Унгарија, соопшти денеска Ватикан.
Сите три дена папата ќе ги помине во главниот град Будимпешта, според програмата објавена од Ватикан, пренесе Ројтерс.
Тој ќе се сретне со политички лидери, дипломати, свештеници и монахињи, интелектуалци, сиромашни и бегалци.
Папата Франциск (86) на 30 април ќе одржи миса на отворено на плоштадот „Лајош Кошут“.