Гир: Потребни се напори и од Скопје и од Софија за развивање на добрососедските односи

– По денешната попладневна неколкучасовна расправа за избор на новите министри во Владата, Собранието е на пауза до 20 часот. За збор се пријавени уште четири пратеници. Дебатата помина во партиски препукувања, се сведе на тоа кој што направил додека бил на власт, а доминираа теми од економијата, земјоделството, здравството,… Пратениците зборуваа за „Скопје 2014“, стоковните резерви, инфлацијата, хакираните институции,… 

ВМРО-ДПМНЕ повторно обвинуваше за корупција и криминал, констатирајќи дека реизборот на министри и владината реконструкција ќе резултира со „коалиција за спас на Артан Груби“, додека СДСМ, меѓу другото, се фокусира на имотите „вредни милиони“ кои се стекнуваат со професорски плати.

-Со новопредложените кандидати за министри и ресорите кои тие треба да ги водат се потврдува неуспехот на оваа Влада. Со право граѓаните прашуваат како некој кој буквално внесе колапс на овие сектори, сега, за 10 месеци, ќе испорача некакви резултати, рече пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ  Марија Петрушевска.

Според нејзиниот сопартиец Јован Јаулески, Арбен Таравари е заложник на Груби.

-Партијата слободно може да ви се преименува во Алијанса за Артан. Никаков интерес за вашите гласачи не остварувате и зошто некој би гласал за вас на наредните избори, рече Јаулески од ВМРО-ДПМНЕ.

Пратеничката на СДСМ Санела Шкријељ им порача на пратениците од ВМРО ДПМНЕ да го прашаат својот претседател како со професорска плата се стигнува до милионски имоти.

-Сите професори и наставници би сакале да знаат како со просечна професорска плата се стигнува до имоти од милионски суми и во Скопје и надвор од Скопје и како се стекнуваат бизниси кои вредат по 11 милиони евра, нагласи Шкријељ.

Во Собранието се дебатира за нови членови на Владата да бидат избрани Кренар Лога во ресорот правда, Фатмир Меџити во ресорот здравство, Азир Алиу во ресорот информатичко општество и администрација, како и Каја Шукова во ресорот животна средина и просторно планирање. Се очекува новите министри да бидат изгласани до вечер.