Парис Хилтон го привлече вниманието на многу следбеници на социјалните мрежи со своето божиќно издание. Имено, таа позираше гола покрај елката.
Таа ги покри интимните делови со машна. Таа носеше долги ракавици, а изгледот го заокружи со малку завиткана фризура, нагласена со шминка, накит и шпиц потпетици.
„Моето присуство е подарок“, изјави таа во описот на видеото.
Некои ја пофалија за потегот, додека други рекоа дека се однесува непримерно.
„Легендарно“, „Фала што ни ги разубави празниците“, „Икона“, „Мислам дека претеруваш“, „Очајнички обид да го привлечеш вниманието кон себе“ се дел од коментарите на Инстаграм.
За потсетување, Парис неодамна за време на гостувањето во шоуто Зак Санг изјави дека никогаш не правела никакви естетски зафати.
,,Навистина сум горда што сум целосно природна. Се држев настрана од сонце. Никогаш не сум имала ботокс ниту имам операција”, рекла таа.