Од МВР ги демантираат гласините дека недостасуваат примероци за патни исправи. Иако не прецизираат дали има доволно за сите кои ќе ги сменат пасошите, од ова министерство велат дека ги издават согласно рокот предвиден со закон.
А, ваква беше атмосферата денеска пред канцелариите на МВР за подигнување на готовите пасоши:
Нервоза кај граѓаните кои чекаа на ред со часови, а некои заминуваа без да си го подигнат документот.
– Дојдовме и заминавме…
– Имаше многу луѓе во редот?
– Да, има долг ред.
– Дали баравте да го добиете пасошот?
– Да, затоа сум тука, но тоа беше невозможно, тоа е катастрофа.
Меѓу оние кои чекаа беше и Дана на која пасошот ѝ треба за операција во странство.
По многу обиди и чекање да добијат пасош, многумина заминуваа со празни раце, а Дана ја чекаше медицинскиот автомобил што ја донел, но денеска напразно дојде. Си замина без пасошот. Сите граѓани мора до 12 февруари да ги заменат личните документи и пасоши со новото име на државата.