Не е прв пат да се роди дете во авион
Една жена родила веднаш откако се качила на авион кој требало да лета од Истанбул до Марсеј.
Лекарите од аеродромот Сабиха Гокчен притрчале да и помогнат.
Останатите патници биле во шок, но поединци собрале неколку детски работи и им ги дале на мајката и детето.
Според извештаите, мајката почнала да чувствува труднички болки додека екипажот се подготвувал за полетување. И дале прва помош, а потоа ја префрлиле на задниот дел од авионот да се породи.
На видеото може да се види како медицински работник го носи бебето кое заедно со мајката било пренесено во блиската болница.
Не е прв пат да се роди дете во авион.
Во октомври 2022 година, Кендра Роден од Конектикат се породи на лет од Њујорк до Доминиканската Република. Само неколку недели подоцна, жена, која не ни знаела дека е бремена, се породила додека патувала од Еквадор за Шпанија. Бебето го нарекла Максимилијано, по патникот кој и помогнал.
На бремените жени обично не им се препорачува да летаат во третиот триместар. Според податоците, тоа се случува на секои 26 милиони патници, односно се евидентирани 75 случаи.