Патнички авион „Боинг 737-400“ на авиокомпанијата „Нолинор“ вчера слета на аеродромот во Монтреал без најважниот дел од опремата за слетување – тркалата. Пилотите успеале да ја задржат контролата над авионот и безбедно да го приземјат, во исклучително тешкиот маневар.
Авионот летал од Квебек Сити до аеродромот во Ла Бај Баготвил-Сагенеј, а екипажот ја започнал редовната процедура на повлекување на опремата за слетување и наеднаш се соочил со сериозен проблем. Од сè уште непознати причини, во пилотската кабина се појавило предупредување за небезбедна брзина. Пилотите го напуштиле слетувањето на првично планираниот аеродром и го пренасочиле авионот во Монтреал, оддалечен повеќе од 370 километри, објави „Аеро Тајм“.
И покрај невклучувањето на опремата за слетување, екипажот успеал да го приземји авионот на пистата 24. Бидејќи левиот дел од опремата за слетување не бил целосно излезен, Боинг 737 се навалил на едната страна при контакт со пистата. Авионот претрпел значителна штета, но ниту еден патник не е повреден.