Лидерот на ДУИ Али Ахмети кој е во Охрид и ги следи преговорите меѓу Албин Курти и Александар Вучиќ навестил дека преговарачите Жозеп Борел и Мирослав Лајчак ги откажале летовите и состаноците кои им биле предвидени за утре пренесуваат косовските медиуми.
Во моментов има нова пауза на средбата која почна некаде околу 15.30. Претходно, уште пред речиси 12 часа почнаа билатералните средби во вилата „Билјана“. Вучиќ имаше поединечна средба во Лајчак и Борел, а потоа и Курти се сртна со двајцата преговарачи.
Претседателот на Србија и премиерот на Косово се сретнаа и со македонскиот премиер Димитар Ковачевски.
По речиси цел ден средби, нема никави назнаки за исходот или крајот на преговрите.