– Ерменскиот премиер Никол Пашињан изјави дека нема овластување да донесува какви било одлуки во врска со апсењето на никого, вклучително и на рускиот претседател Владимир Путин, по наредба на Меѓународниот суд на правдата (МСП).
– По 2018 година, Ерменија имаше обемни демократски реформи и јас не одлучувам кого да уапсам, а кого да не уапсам, изјави тој за британски „Телеграф“ на прашањето дали ерменската полиција ќе го уапси Путин по наредба на МСП доколку тој ја посети Ерменија.
На 17 март 2023 година, Меѓународниот суд на правдата издаде налог за апсење на рускиот претседател Владимир Путин и Марија Лвова-Белова, руска комесарка за правата на децата.
Путин е обвинет за воени злосторства, вклучително и нелегална депортација на деца од Украина во Русија.
Доколку стапне во некоја од 123-те земји-членки на судот, Путин може да биде уапсен.
Според портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, Ерменија „се водела само од политички мотиви кога го ратификувала Римскиот статут на МСП“.