Љубовта како вирус! Жените боледуваат кога се заљубени

Истражувачите тврдат дека заљубувањето е причина за генетски промени, психолошки и физички…

Верувале или не, заљубувањето во некои жени може да изгледа како да се заразени со вирус . Истражувачите од Универзитетот во Калифорнија тврдат дека заљубувањето е причина за генетските промени кои се особено изразени кај жените.

Во обид да го објаснат влијанието на заљубувањето врз функцијата на човечкиот геном, земале примероци од крв од стотици млади жени кои започнале нова врска и ги следеле во следните две години, пренесува „Индипендент“.

Тимот ги набљудувал генетските промени кај нив и откриле дека новата емоционална состојба влијае на нив и психички и физички

– Заљубувањето е едно од психолошки најмоќните искуства во човечкиот живот, а кај многумина предизвикува гените да произведуваат интерферон – протеин кој обично се користи во борбата против вирусите, бидејќи физички се чувствуваат како да се болни. Како што врската созрева и станува сериозна, интерферонот се намалува – објаснуваат научниците во студијата.