ПЕДОФИЛ (54) УБИЕН ВО ПОЛИЦИСКА ПОТЕРА ВО ТЕКСАС: Признал дека имал врски со девојче (13) па избегал

Полицијата во Тексас уби маж кој признал дека имал секс со 13-годишно девојче за време на потерата.

Како што беше соопштено, Џорџ Алехандро (54) беше под истрага од 16 февруари поради сомнение дека сторил кривично дело недозволена сексуална активност над малолетнчка.

За негово апсење минатата недела била распишана потерница, но кога полицијата дошла да го приведе, тој побегнал со моторно возило. На крајот полициската потера заврши на паркинг, каде Алехандро вперил пиштол врз полицајците, по што беше застрелан.

Полицијата соопшти дека Алехандро признал дека „верувал дека е во онлајн емотивна врска со девојка“. При распитот во полиција признал дека девојката ја сретнал во близина на нејзиното училиште, а потоа ја однел во хостел каде имал сексуални односи со неа.

Откако бил издаден налог за негово апсење, полицијата го лоцирала во Хјустон и се обидела да го уапси за време на сообраќаен прекин. Сепак, Алехандро сакал да избега и потерата започна.

Откако застанал на паркинг, пријавениот извадил пиштол и го вперил кон полицајците, по што тие испукале неколку истрели во негова насока. Екипите за итна помош пристигнале набрзо, но Алехандро починал по пристигнувањето во болницата.

Полицијата соопшти дека во оваа акција нема повредени нивни припадници.