Пендаровски: Ако го откажеме Договорот од Преспа, нема да бидеме дел од НАТО

Кандидатот на СДСМ и актуелен претседател Стево Пендаровски синоќа одржа митинг во Ѓевѓелија каде беше прашан и за Договорот од Преспа. Пендаровски истакна дека доколку се откаже, земјата нема да биде дел од НАТО.

„Доколку се откаже Договорот од Преспа, ќе го напуштиме НАТО. Едноставно, ќе не избркаат од Организацијата. Ако таа госпоѓа (Силјановска Давкова) мисли дека можеме самостојно да си ја обезбедиме безбедноста, за сите граѓани, за границите, за државата, ова подобро да го каже“.

„Ова е опасен авантуризам. Така, 30 години сите политички групи не случајно се обидуваа да не внесат во НАТО за да добиеме документ за нашата безбедност со векови“.

Откажувањето на Преспа, ако навистина размислите, е најголемата политичка глупост и трагедија во исто време, бидејќи ќе останеме сосема сами“, нагласи Пендаровски.