Пендаровски-Кареирас: И благодариме на Португалија за поддршката што и ја дава на Македонија за интеграција во ЕУ
Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими министерката за одбрана на Република Португалија , Марија Хелена Кареирас, која е во официјална посета на земјава.
Двајцата соговорници разговараа за соработката меѓу двете земји на полето на одбраната, за процесот на реформи во земјата во насока на подобрување на воената инфраструктура и модернизација на вооружените сили, како и за заедничките активности во рамките на НАТО, со цел зајакнување на Сојузот и исполнувањето на заедничките цели во безбедноста и одбраната.
Претседателот Пендаровски рече дека го поздравува потпишаниот Договор за одбранбена соработка меѓу двете држави и изрази очекување дека ќе придонесе за интензивирање на македонско-португалската одбранбена соработка, соработката во областа на безбедносната политика, мировните операции, заедничката обука и едукација.
На средбата беа разменети информации за лагата во Украина, при што претседателот Пендаровски ја потврди поддршката за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, како и за воената, политичката и хуманитарната помош што земјата и ја дава на Украина.
Во контекст на актуелното прашање за евроинтеграциите, претседателот Пендаровски се заблагодари на заложбите на португалското претседателство со Советот на Европската унија и за општата поддршка од Португалија во однос на евроинтеграциите на Македонија.