Пенелопе Круз во СПЕКТАКУЛАРЕН ФУСТАН со 367.000 ВЕЗЕНИ ДЕТАЛИ, рачно шиен 1.260 часа: Бајковито издание кое истовремено е ЧИСТА УБАВИНА и вистински кич

Пенелопе Круз синоќа се појави на престижните филмски награди „Гоја“ во Ваљадолид, Шпанија, а нејзината сензуална убавина и вродената харизма ниту овојпат не оставија никого рамнодушен.
Познатата актерка блесна во мошне впечатлива креација на брендот Шанел која секако остава впечаток – спектакуларна е и посебна, но не можеме да оставиме впечаток дека е и малку кич.
Инаку, Пенелопе Круз е долгогодишна амбасадорка на француската модна куќа, па по правило на црвениот тепих и на свечените, јавни настани носи парчиња со нивниот потпис. Така беше и овој пат.


Убавата Шпанка ха избра колекцијата висока мода за есен-зима 2023/2024 година. Фустанот е целосно изработен од светки – основата е црна, но е украсена со детали во форма на цветови и јагоди во розова, сина и црвена боја. Прекрасен е и додаток во вид на проѕирно здолниште од црн тул, а особено заводлив детал е делумно голиот грб. За оваа креација беа потребни околу 1.260 часа работа и над 367.000 везени елементи!

Атрактивната 49-годишна девојка го комплетираше изданието со црна, плишана клач чанта, како и скап, прекрасен накит во вид на обетки од 18-каратно бело злато, дијаманти и сафири и дијамантски прстени. Ни се допадна и нејзината фризура – обемна боб со малку свиткани врвови. Ова е исто така една од најмодерните фризури оваа сезона.