ПЕНЗИОНЕР ОСВОИЛ МИЛИОНИ ЕВРА НА ЛОТАРИЈА – Неговата сопруга почнала да плаче кога ја видела првата работа што ја купил со освоените пари

Пензионер од Монтроуз (Колорадо, САД) кој освоил речиси пет милиони евра во игра на лотарија, најпрво и купил на сопругата лубеница и букет цвеќе.

Неговата сопруга не го очекувала тоа, па неговиот потег ја допрел и таа се расплакала.

Бев пријатно изненадена. Обично не ми купува цвеќе, па ова беше многу слатко“, изјавила неговата сопруга за магазинот Fenix.

Пензионерот бил на пат со својот златен ретривер по име Ауги кога ја добил големата вест. Го погоди џекпотот на лотарија! Тој играл лотарија со години, секој месец, секогаш со исти бројки, а сега неговата упорност конечно се исплатила.

Пензионерот освоил против-вредност од речиси 4,7 милиони евра. Но, кога станува збор за уплатата, тој се одлучил за паушална исплата во готово, со што добивката му ја намалила на „само“ околу 2,3 милиони евра.

Но, се разбира, среќниот пензионер има многу подалекусежни планови со своите пари и тие не се помалку важни. Како што изјавил за локалните медиуми, неговата сопруга има закажани операции. Парите му овозможуваат да ангажира куќни и земјоделски помошници за време на здравствените ограничувања. Најавува и донации за повеќе добротворни здруженија.

Пензионерот исто така ќе се почести со олдтајмер затоа што ги сакал со години.