Откриено е на која возраст децата престануваат да бидат љубопитни за светот околу нив

Половина од децата престануваат да бидат љубопитни за светот околу нив на шестгодишна возраст, покажува истражувањето во кое учествувале 1.000 родители на деца на возраст од три до шест години.

Студијата, спроведена од Дизни, покажува и дека 83 отсто од родителите сакаат нивните деца да бидат љубопитни подолго време, додека 94 отсто од нив веруваат дека негувањето на љубопитноста е клучен дел од родителската улога

“Малите деца се природно љубопитни, што им помага да почнат да се движат низ светот околу нив. Љубопитноста развива чувство за авантура кај децата бидејќи тие учат да ја користат креативноста преку игра и да откриваат што е можно”, коментира психологот Лаверн Антробус.

Со цел да се развие детската имагинација, родителите ги поттикнуваат малите да ја истражуваат природата (61 отсто), да истражуваат нови места (46 отсто) и да пробуваат нови спортови (23 отсто). Тие сметаат дека ова е најефективниот метод, додека според 70 проценти, дури и играњето со играчки може да помогне да се одржи фантазијата на детето.

Поттикнувајќи ги децата да бидат храбри во испробувањето на нови вештини, родителите ја зголемуваат страста на нивното дете за нови откритија, што е непроценливо средство за живот“, вели Антробус.