ХОРОР ВО ЊУЈОРК – Човек-монструм убил четворица меѓу кои две деца, а потоа ја нападнал и полицијата

Четири лица, меѓу кои две деца, загинаа, а тројца се ранети во напад со нож во Квинс, Њујорк, јавуваат светските медиуми.

Полицијата утринава добила повик, а кога пристигнала во домот на една од жртвите бил во пламен.

Осомничениот за убиството нападнал и полицајци и со нож повредил двајца од нив пред да биде застрелан.

Напаѓачот итно бил пренесен во болница каде им подлегнал на повредите.

Полицијата потврди дека повикот дошол утринава околу 5 часот по локално време, а млада жена рекла дека нејзината братучетка го убила целото семејство.

Кога патролата пристигнала на местото на злосторството, виделе маж како излегува од куќата со торба во рацете. Во моментот кога му пришле и разговарале со него, тој замавнал со нож, а потоа на еден полицаец го прободел во вратот и градите, а на друг во главата.

Еден од полицајците успеал да извади пиштол и да пука во осомничениот.