Русија продава нафта за 20 долари повеќе од цената што би ѝ ја наметнале

Поради растот на цените и намалената понуда на сурова нафта на светскиот пазар, Русија и продава нафта од Урал на Индија по цена од 80 долари за барел.

Тоа е за 20 долари за барел повеќе од цената што организацијата Г7 се обидува да и ја наметне на Москва.

Податоците од трговците со нафта и пресметките на Ројтерс покажуваат дека Русија во октомври ќе испорачува нафта од Балтичкото Море до индиските рафинерии по цена од околу 80 долари за барел.

Уралското масло е многу поскапо отколку во првата половина од годината, но алтернативите се уште понеповолни и не се лесно достапни, изјавил за британската агенција еден од трговците со нафта.

Во јули цената на нафтата од Урал ја премина границата од 60 долари за барел поставена од Г7 и оттогаш во просек се одржува многу над ова ниво, пренесува порталот oilprice.com.

Просечната цена на нафтата Урал во август изнесуваше 74 долари за барел.