Како што неофицијално дознава српски Информер, пензионираното полициско куче Зиги, кое било многу сакано од српските граѓани, тргнало во потрага по малата Данка.
Србија се уште не се откажува во потрагата по малата Данка Илиќ (2) која исчезна во вторникот на 26 март во 13 часот.
Во потрагата по девојчето биле вклучени сите дежурни служби на МВР и за првпат бил активиран системот „Најди ме“. Информацијата дека исчезнала е објавена на автопатиштата, на веб-страницата на МВР, на аеродромот „Никола Тесла“, на железничките и автобуските станици…
Како што неофицијално дознава Информер, во потрагата по Данка се вклучило и саканото пензионирано полициско куче Зиги.
Потрагата се уште трае, а според последните информации, на имотот каде исчезна малата Данка е пронајдена дупка.
Потрагата по двегодишната Данка Илиќ, која во вторникот исчезна во населбата Бањско поле кај Бор, влезе во четвртиот ден.
Полицијата во текот на ноќта дежурала и во куќата од каде исчезна девојчето.
Министерот за внатрешни работи Братислав Гашиќ синоќа беше во Бор за да ги посети припадниците на МУП кои работат на терен во потрага по исчезнатото девојче.
На местото на исчезнувањето на двегодишното девојче во Бањски Поље кај Бор вчера дошол багер кој, како што објаснуваат од полицијата на терен, требало да го расчисти просторот околу куќата и да и овозможи на полицијата да продолжи со потрагата.
На тоа место беа поставени и шатори, а присутни беа и противпожарните и спасувачките единици и силните полициски сили кои го блокираа пристапот до куќата.
Сојузната полициска управа на Босна и Херцеговина вчера, врз основа на информации од Министерството за внатрешни работи на Република Србија, уапсила три лица кои се сомничат дека преку социјалната мрежа „Тик Ток“ објавиле дека се поврзани со исчезнувањето на девојчето Данка Илиќ, соопшти Министерството за внатрешни работи на Србија.
Сараевскиот портал „Аваз“ претходно синоќа објави дека истражителите на Одделот за компјутерски криминал ФУП лоцирани преку ИП им се обраќаат на лицата кои тврделе дека имаат информации за исчезнувањето на малата Данка и кои барале 50.000 конвертибилни марки, односно околу 25.000 евра за откривање таа информација.
Двегодишната Данка Илиќ исчезнала во вторникот околу 13 часот и 45 минути, а во моментот на исчезнувањето носела виолетови панталони, маслинесто зелена јакна и коса врзана во опавче.
Девојчето има кафена коса, кафени очи и е висока околу 85 сантиметри.
Поради нејзиното исчезнување, за прв пат во Србија е активиран системот „Најди ме“.