Пенов: Го подобруваме животот на граѓаните, до крајот на годината ќе биде готов колекторот за отпадни води во Орман
Со поддршка на ЕУ и Министерството за локална самоуправа, општина Ѓорче Петрови решава важно прашање за граѓаните, изградбата на колекторот за отпадни води кој ќе ја заштити животната средина и ќе го подобри квалитетот на животот на жителите. на село Орман.рече министерот за локална самоуправа Ристо Пенов кој денеска изврши увид во завршните градежни работи.
„Овој проект се реализира во рамките на Програмата за прекугранична соработка Македонија-Косово со вкупен износ од 329 илјади евра. Дел од сумата е обезбедена преку ИПА програмата на ЕУ, со учество на Министерството за локална самоуправа од 15% и општината Ѓорче Петрови од 11,8%“, додаде Пенов.
Министерот Пенов го изрази своето задоволство од динамиката на реализација на проектот кој е од големо значење за заштита на животната средина и кој решава важно прашање за жителите на село Орман.
„Програмата за прекугранична соработка на Европската Унија е одлична можност општините да реализираат важни проекти кои се приоритет за граѓаните. Министерството за локална самоуправа ги охрабрува општините да подготвуваат проекти и да аплицираат на јавни повици за прекугранична соработка, секогаш имајќи ги предвид реалните потреби на граѓаните“, додаде тој.