Пентагон соопшти дека ќе ја „забрза“ испораката на ракети за противвоздушна одбрана „Патриот“ и артилериска муниција за Украина како дел од новиот пакет воена помош.
САД ќе искористат 6 милијарди долари за оваа намена, откри во петокот министерот за одбрана Лојд Остин.
Сепак, системите за лансирање на ракети Патриот нема да бидат испратени, пишува Би-Би-Си,
Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека „Патриотите“ се „итно“ потребни за справување со растечката руска воздушна закана и „може и треба да спасуваат животи сега“.
Извор потврди за Би-Би-Си дека 6-те милијарди долари се дел од пакетот помош од 60 милијарди долари, потпишан во закон од американскиот претседател Џо Бајден во средата, кој исто така вклучува и една милијарда долари повеќе непосредна помош.
Тие би вклучиле муниција за противвоздушна одбрана, системи против беспилотни летала и артилериска муниција, но не и ракетни системи Патриот.
Тој додаде дека е уверен оти на Киев наскоро ќе му бидат достапни повеќе ракетни системи.
Во тек се разговори со европските партнери, нагласи тој, за обезбедување дополнителни капацитети.