Официјални лица на Пентагон во нацрт-документот минатата недела соопштија дека вонземјаните можеби го посетуваат Сончевиот систем и испраќаат помали сонди за истражување, односно како што прави НАСА кога истражува планети.
Нацрт-истражувачкиот извештај, напишан од Шон Киркпатрик, директор на Канцеларијата за решавање на аномалии во сите домени (AARO) на Пентагон и Абрахам Лоеб, директор на Факултетот за астрономија на Универзитетот Харвард, наведува дека вештачки меѓуѕвезден објект потенцијално може да испрати бројни мали сонди во лет до Земјата.
„Таа операција не се разликува многу од мисиите на НАСА. Тие можат да се одвојат од мајчиното возило со гравитационата сила на Сонцето или со способноста за маневрирање“, велат експертите, објави New York Post.
AARO е формиран во јули 2022 година и е одговорен за следење на објекти на небото, под земја и во вселената, и потенцијално објекти кои можат да се движат од една реалност во друга.
Во 2005 година, американскиот Конгрес ја задолжи НАСА да пронајде 90 отсто од сите објекти блиску до Земјата поголеми од 140 метри, по што беа создадени телескопите Pan-STARRS.
Во октомври 2017 година, Pan-STARRS откри необичен меѓуѕвезден објект подоцна наречен „Оумуамуа“, или извидник на хавајски.
Објектот бил во облик на пура, изгледал рамно и се оддалечувал од Сонцето и не покажувал трага подоцна, поради што некои научници веруваат дека е создаден од човекот.
Три години подоцна бил откриен уште еден објект кој не оставал трага.
Извештајот исто така вели дека шест месеци пред „Оумуамуа“ да се приближи до Земјата, меѓуѕвезден метеор широк околу еден метар паднал на Земјата и имал сличен облик на „Оумуамуа“.
„Со добар дизајн, таквите мали сонди можат да стигнат до Земјата или до Сончевиот систем за истражување додека мајчиниот брод минува на приближно растојание Земја-Сонце, како што беше случајот со ‘Оумуаму‘. Астрономите не можат да ги откријат мини-сондите бидејќи тие не рефлектираат доволно сончева светлина за телескопите да ги забележат“, додаваат авторите.