Пеп Гвардиола открива што им кажал на своите фудбалери на полувреме: Вака ги мотивирал играчите на Манчестер Сити по приманиот гол од Црвена Звезда

Фудбалерите на Манчестер Сити убедливо славеа против Црвена Звезда во првото коло од групната фаза на Лигата на шампионите.

Тренерот на „Граѓаните“, Пеп Гвардиола, бил задоволен по триумфот.

Имавме 22 шута во првото полувреме, што значи дека игравме многу добро. Сепак, недостатокот на голови по толку многу удари мора да биде одговорност на офанзивните играчи. Да постигневме два гола во раната фаза, сето ова ќе беше сосема различно“, изјавил Пеп Гвардиола по натпреварот и додал: „Не успеавме да постигнеме гол иако создававме шанси, но останавме доследни на нашиот план за игра и на крајот победивме“.

Запрашан што им кажал на играчите на полувремето, Пеп Гвардиола рекол да продолжи да играат во ист ритам.

Им реков: ‘Момци, не можеме да кажеме дека играме лошо, заборавете го резултатот, продолжете да играме на ист начин, можеме да се вратиме, само бидете дополнително смирени’. Го направивме тоа“, рекол Пеп Гвардиола на новинарите по натпреварот.