Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, вчера изјави дека Русија планира да продолжи да развива блиски односи со Северна Кореја во сите области. Одговарајќи на обвинувањата на Јужна Кореја, Јапонија и САД дека Пјонгјанг ја снабдува Русија со оружје, Песков рече дека тоа се неосновани изјави, пренесува Ројтерс. „Не гледаме смисла да го коментираме тоа. Северна Кореја е наш сосед и ќе продолжиме да ги развиваме односите во сите области“, рече Песков.