СЗО: Добивме проценки дека околу 1.000 тела се уште се под урнатините во Газа

 Претставникот на Светската здравствена организација (СЗО) за окупираната палестинска територија, Ричард Пеперкорн, изјави денеска дека организацијата добила проценки дека околу 1.000 неидентификувани тела се уште се закопани под урнатините во Газа, кои се уште не се вклучени во бројот на загинати.

Пеперкорн не го наведе изворот од кој СЗО ги добила проценките, објави Ројтерс.

Здравствените власти во Газа објавија дека повеќе од 7.000 луѓе загинале во израелските бомбардирања на палестинската енклава по нападот на Хамас врз јужен Израел на 7 октомври, пренесува Танјуг.