Песков: Русија развива блиски односи со Северна Кореја

 Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, вчера изјави дека Русија планира да продолжи да развива блиски односи со Северна Кореја во сите области. Одговарајќи на обвинувањата на Јужна Кореја, Јапонија и САД дека Пјонгјанг ја снабдува Русија со оружје, Песков рече дека тоа се неосновани изјави, пренесува Ројтерс. „Не гледаме смисла да го коментираме тоа. Северна Кореја е наш сосед и ќе продолжиме да ги развиваме односите во сите области“, рече Песков.