Забранет пестицид, особено опасен по здравјето на децата, е откриен во овошје одгледувано во Хрватска. Европскиот систем за предупредување во трговијата со храна објави дека „хлорпирифос е откриен во мандарини кои се продавале во Хрватска и во Словенија при контрола на продажните места во Хрватска“, пренесува Даница.хр . Овој пестицид во август беше пронајден и кај праските од Србија .
Хлорпирифос беше целосно забранет во Европската унија во април 2020 година. Познато е дека хлорпирифосот е исклучително опасен по здравјето, а особено е штетен за чувствителните категории – децата и трудниците. Бројни студии покажаа дека изложеноста на овој пестицид може да влијае на невролошкиот развој на децата и да го оштети нероденото дете.
Студиите и епидемиолошките наоди го поврзуваат со нарушувања на развојот на мозокот, хиперактивност, ретардација на растот, намален коефициент на интелигенција, се вели во одлуката на Европската комисија за забрана на неговата употреба.