ПЕТАР ГРАШО Е МЕТА ЗА ОСУДА! Се појавија фотографии од интимното КРШТЕВАЊЕ на неговата ќерка, Хана сама со бебето во рацете, од пејачот ни траг ни глас!

На 19 февруари Петар Грашо и Хана Хуљиќ ја прославија првата годишнина од бракот, а како што еднаш откри Тончи Хуљиќ , на истиот ден требаше да ја крстат и ќерката Алба. Меѓутоа, славниот пар ги променил плановите, па церемонијата се одржала два дена порано, на 17 февруари во Сплит.

Петар Грашо, Хана Хуљиќ

Крштевката на Алба Грашо се одржа во најтесниот круг и без присуство на медиумите , додека два дена подоцна се одржа голема забава во ресторан во Сплит.

“Кутата Ханица, вистинска самохрана мајка! Кутра Алба, нема тато да ја извади од болница, ниту да ја носи на крштевка! , се едни од коментарите подолу на фотографијата од крштевката.

За сите важни настани, Хана Хуљиќ ги избира креациите на својата пријателка, дизајнерката на сплитскиот бренд „Арилео“, која ги откри деталите од големата семејна прослава.

-Хуљиќ се навистина едно од моите омилени семејства, тие се едноставни и не ги комплицираат работите. Веќе го знам стилот на Хана и Вјекослава, се си помина природно, ни се предадоа, беа само на една проба. Вјекослава носеше фустан од син плиш, многу тренди, со шлиц и засилени раменици. Фустанот на Хана беше во духот на педесеттите, изработен од брокат, тоа се стиловите кои им прилегаат, без многу филозофија – откри Пириќ за хрватска Глорија.