Петнаесет мртви и десетици повредени во Киев поради најновиот руски напад, момент кога ракета го погоди центарот на главниот град
Петнаесет лица, меѓу кои и три деца, беа убиени, а десетици други беа повредени во голем руски напад врз градот Киев во ноќта меѓу 27 и 28 август.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски, Тимур Ткаченко, началник на воената администрација на градот Киев, градоначалникот на Киев Виталиј Кличко и министерот за внатрешни работи Игор Клименко изнесоа детали за нападот.
„Бројот на загинати од непријателскиот напад се зголеми на 15. За жал, три од нив се деца на возраст од 2, 14 и 17 години“, рече Ткаченко, пренесува Телеграф.
„Тимовите за итни случаи во Киев извлекоа уште три тела од урнатините на повеќекатна зграда. Бројот на жртви од рускиот напад врз главниот град во текот на ноќта се искачи на 15. До 10:55 часот, беше познато дека 12 лица се убиени во нападот врз станбена зграда во областа Дарницки и 1 во областа Шевченки. Меѓу загинатите се три деца, на возраст од 2, 14 и 17 години“, рече Клименко.
Тој, исто така, истакна дека телото на едно од убиените деца е пронајдено на местото на нападот, додека другите две починале во болница од сериозни повреди.
„Десет други лица се сметаат за исчезнати. Операциите за пребарување и спасување продолжуваат на местата на нападите“, додаде министерот за внатрешни работи.