Министерката за одбрана, Славјанка Петровска, реагираше за присуството на претставник на СДСМ на партиската конвенција „Нова алтернатива“ на која беше прогласена Данела Арсовска за нов лидер на партијата. Петровска рече дека тоа е дел од политичката култура и не значи автоматски создавање коалиција или соработка.
„Она што го споделуваме се европските вредности за државата и нејзиниот напредок. Присуството во создавање на партија не значи веднаш создавање коалиција или соработка. Тоа е дел од политичката култура“, потенцира Петровска.
За стравот од губење гласови од страна на СДСМ по најавата на Новата алтернатива за напуштање на коалицијата, министерот додаде дека имаат доволно простор да предупредат и да ги одбележат нивните досегашни достигнувања.
„СДСМ ќе понуди концепт и програма за претстојните избори. За поздравување е формирањето на политички партии засновани на демократски вредности“, подвлече Петровска.
Таа, исто така, изрази уверување дека во наредната изборна кампања СДСМ има доволно простор да ја објасни и потсети нивната досегашна активност и да го претстави својот концепт и програма за идната влада.
Фокусот е да се обезбеди концепт и програма како ќе бидеме на изборите и што ќе правиме во идната влада“, заклучи министерот за одбрана.