Пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска, во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија, истакна дека скандалозно е што системски закон со којшто се формираат нови министерства и се врши интервенција во надлежностите на постојните се донесе во скратена постапката, и со целосно исклучување на експертската јавност.
-ДПМНЕ го предлага законот за сабајле, го гласа после полноќ, ја исклучува експертската јавност, остануваат глуви на коментарите на експертите и велат дека ова е реформски закон, што ќе ја спасува државата, рече Петровска.
Таа додаде дека од ДПМНЕ не дадоа одговор на ниту едно прашање, за тоа дали ќе има нови вработувања, дали ова ќе значи делумно отпуштање на постојната администрација, ако тоа се прави по кои критериуми ќе се прави.
-ДПМНЕ во Собранието имаше завет на молчење, зашто на Али Ахмети му се брзаше час поскоро да гласа, инаку ќе ви избегаше двотретинското мнозинство, рече Петровска.
Таа нагласи дека ДПМНЕ се обидува да направи премин од оние дијаметрално споритвни изјави кога жестоко беше критикуван ДУИ, кога лидерот во предизбнорната кампања ветуваше дека ДУИ заминува во опозиција, дека не треба да се факторизираат, дека се небитни дека се криминалци коишто треба да одат во затвор и да бидат осудени на криминал.
-Повторно во таа рационализација правите ново тело на барање на ДУИ. Од едни контра ставови дека не заслужуваат да бидат факторизирани ДУИ седна на маса со ДПМНЕ и стана фактор за вие преку ноќ да го донесете овој закон, рече Петровска во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.