ПЕТ АМЕРИКАНЦИ КОИ СО ГОДИНИ БЕЛЕ ЗАТВОРЕНИ ВО ИРАН Бајден: Конечно се враќаат дома

Петмина Американци кои со години беа затворени во Иран денеска ја напуштија таа земја со авион и пристигнаа во Доха.

Тие беа ослободени како дел од договорот во кој американскиот претседател Џозеф Бајден се согласи да деблокира речиси шест милијарди долари ирански имот.

„Денес, пет невини Американци кои беа затворени во Иран конечно се враќаат дома“, рече Бајден во изјавата објавена кога авионот со групата од Техеран слета во Доха, Катар.

Од Доха, Американците треба да си одат дома во САД.

Ослободени се Сијамак Намази, Емад Шарги и Морамад Тахбаз, како и две лица кои сакаа нивните имиња да не се објавуваат.

Иранскиот претседател Ебрахим Раиси, кој моментално е во Њујорк, рече дека овој потег може да помогне да се изгради доверба меѓу двете страни.

Сепак, и покрај успешните преговори, речиси е сигурно дека тензиите меѓу САД и Иран ќе останат високи по многу прашања, вклучително и иранската нуклеарна програма.