УТРО НА ХОРОР, РУСИТЕ ГО РАКЕТИРАА УКРАИНСКИОТ ЛАВОВ: Градот го потресе жесток наплив на дронови и експлозии, најмалку едно лице е рането

Најмалку едно лице е рането рано утринава во напади со руски беспилотни летала врз градот Лавов, во западна Украина. Имаше неколку напади со беспилотни летала од 1 часот и 30 минути синоќа, како и експлозии и минување на тешки возила низ градските улици за време на полициски час.

Властите соопштија дека експлозијата предизвикала пожар во магацин во градот.

Украинското воено воздухопловство предупреди на нападот, како и дека во областа на градот дејствува противвоздушна одбрана.

Русија често користи беспилотни летала Шахед од иранско производство за да ги нападне украинските градови.