Битиќи ќе учествува на конференцијата „Јавните геопросторни податоци- основа за одржливо општество“

– Вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, во улога на претседавач со Советот за Национална инфраструктура на просторни податоци (НИПП) ќе има свое обраќање на конференцијата „Јавните геопросторни податоци- основа за одржливо општество“.

На конференцијата, како што информираат од кабинетот на вицепремиерот Битиќи, учествуваат претставници од Катастарот на Кралството Шведска, претставници од Агенцијата за катастар на недвижности и претставници од Министерството за животна средина и просторно планирање на Република Северна Македонија.