Популарноста на диетите со малку јаглехидрати доведе многумина да ги ограничат или целосно да ги исклучат од нивната исхрана. Сепак, јаглехидратите се всушност одлична храна за мозокот кога ги избираме вистинските. Јаглехидратите му обезбедуваат на телото енергија, нешто што му е потребно на нашиот мозок за да функционира правилно, објаснува неврологот д-р Аугусто Миравел за Парад.
Мозокот користи околу 20 отсто од калориите што ги внесуваме, иако тој сочинува само 2 отсто од телесната тежина, истакнува д-р Миравале. Тој објасни дека мозокот согорува калории кога размислуваме, паметиме, учиме и спиеме.
Префериран извор на енергија на мозокот е гликозата, вели тој. Гликозата е вид на шеќер кој доаѓа од јаглехидратите што ги јадеме и пиеме. Нашата крв носи гликоза до клетките низ телото за енергија, според Клиниката во Кливленд.
Овошјето, зеленчукот и интегралните житарки се најдобри јаглехидрати за мозокот
Иако јаглехидратите се важни за функцијата на мозокот, вклучувајќи го и подобрувањето на менталното здравје и забавувањето на когнитивниот пад, изборот на здрави, сложени јаглехидрати е клучен, објаснува тој. Јаглехидратите, исто така, треба да бидат вклучени во урамнотежена исхрана која вклучува посни протеини и здрави масти, заедно со многу физичка активност.
Овошјето, зеленчукот и интегралните житарки се најдобри јаглехидрати за нашиот мозок, вели докторот и научник д-р Томас Холанд.
Сепак, не сите јаглехидрати се создадени еднакви. Некои можеби изгледаат помалку здрави, но всушност се доста добри за нашиот мозок. Лекарите ја составиле следната листа од пет такви „лоши“ јаглехидрати кои се всушност одлични за здравјето на нашиот мозок:
- Леб од цело зрно
- Компир
- Јаткасти плодови
- Сушено овошје
- Природни засладувачи (на пр. мед).