– Американската вселенска агенција (НАСА) соопшти дека од денес пет метеори, од кои три со големина на авион, ќе поминат во непосредна близина на Земјата.
НАСА објави дека од 6 до 10 септември најблискиот од петте метеори ќе ѝ се приближи на Земјата повеќе од 1,5 милиони километри, а најоддалечениот ќе биде на повеќе од 5,7 милиони километри, но не претставуваат никаква опасност за Земјата.
Метеорот 2021 JA5, со големина од 18 метри, денес ќе помине блиску до Земјата. Последниот метеор, 2023 QF6, со големина од 21 метар, ќе биде во близина на Земјата на 10 септември.
Небесните објекти поголеми од 150 метри и оние што минуваат на 7,5 милиони километри од Земјата се сметаат за опасни.