Пет мртви во пожарите и невремето во Италија

Најмалку пет лица го загубија животот во Италија во невремето на северот и во пожарите на Сицилија, поради што Владата прогласи вонредна состојба во најтешко погодените области.

„Со голема тага ја примив веста за два несреќни случаи предизвикани од невремето, во кои животот го загуби 16-годишно девојче во извиднички камп во Бреша (на север) и жена во Лисоне (во северот) кога врз неа падна дрво“, напиша премиерката Џорџа Мелони во порака на Твитер, кој го смени името во „Х“.

Силни ветрови со брзина од 110 км/ч, силен дожд и град го зафатија Милано, економскиот центар на земјата, вчера изутрината, поплавувајќи улици и откорнувајќи дрвја.

Локалното јавно транспортно претпријатие пријавило сериозни оштетувања на електричната мрежа, а има и  привремен прекин на водоснабдувањето во историскиот центар на градот.

Додека на северот на полуостровот беснее невреме, југот го зафати топлотен бран со температура од 47,6 степени Целзиусови, кој беше измерен во понеделникот во Катанија, Сицилија, соопшти локалната цивилна заштита.

Изгорени тела на двајца 70-годишни мажи биле пронајдени во куќа која била зафатена од пожар, а 88-годишна жена починала во близина на Палермо, објавија синиќа италијанските медиуми.

Претседателот на сицилијанскиот регион, Ренато Шифани, рече дека ќе побара од Владата, која ќе се состане денеска, да прогласи вонредна состојба на медитеранскиот остров.

Снимката објавена на социјалните мрежи покажува пожар во близина на автопатот во близина на Сиракуза и ги збунува патниците кои гледаат, додека на интернет се појави фотографија од необично парче мраз со дијаметар од 19 сантиметри што падна во Ацано Децимо, во близина на Порденоне, на североисток, во понеделникот вечерта.

Поради пожари во прекин е и железничкиот сообраќај.

„Климатското нарушување што ја погоди нашата земја бара од сите нас, без исклучок, да го промениме нашето однесување“, рече министерот за цивилна заштита Нело Мусумечи.