Пет симптоми на мини срцев удар кои често се занемаруваат и можат да бидат фатални

Кога размислуваме за срцев удар , најчесто замислуваме драматична болка во градите. Сепак, 20 проценти од мини или тивки срцеви удари се случуваат годишно. Симптомите на мини срцев удар се многу посуптилни. Оваа состојба се нарекува тивок миокарден инфаркт или тивка исхемија.

„Мини срцев удар може да биде обележан со минимални, непрепознатливи симптоми, а понекогаш нема да има никакви симптоми. Без разлика, тој не е помалку сериозен од вистински срцев удар“, изјави кардиологот Лаксами Мехта за „The Healthy“.

Кога ќе се појават, симптомите може да варираат од непријатност во градите, отежнато дишење, гадење и вртоглавица, до болка во вилицата.

Препознавањето дури и на најблагите знаци на мини срцев удар е од клучно значење, бидејќи раната дијагноза и третман се клучни за намалување на сериозните здравствени последици што може да следат. Затоа наведуваме пет симптоми на мини срцев удар кои често се занемаруваат. 

„Чудно, но вистинито: нападот на горушица понекогаш може да биде симптом на мини-срцев удар“, вели д-р Мехта.

Д-р Мајк Севиља се согласува и додава дека пациентите барале лекови против горушица за време на она што подоцна се покажало дека е мини-срцев удар. Меѓутоа, кога лековите не ги ублажуваат симптомите, тоа е знак дека проблемот можеби не е во стомакот, туку во срцето. Чувство како да сме истегнале мускул

Болката во вратот, градите или горниот дел од грбот може да се должи на истегнување на мускулите и не е причина за грижа. Сепак, тоа може да укаже и на мини срцев удар, а не само знак на пренапор. Продолжен, изразен замор

Чувството на замор долго време не е секогаш знак дека работиме напорно.

Таков замор не можеме да го „излечиме“ со сон и кофеин. Кога исцрпеноста изгледа непропорционално со секојдневните активности, тоа може да биде суптилен знак дека нешто не е во ред со срцето“, нагласува д-р Мехта.

Скратен здив

Скратен здив е вообичаен по физички напор или стресен настан. Меѓутоа, ако потешкотиите со дишењето продолжат по одмор, ова може да биде предупредувачки знак за мал срцев удар. Симптоми слични на грип

Во овој период од годината настинките се вообичаени. Меѓутоа, доколку кашлицата, отежнато дишење и уморот траат предолго, а лицето е изложено на ризик од срцеви заболувања, време е да посетите кардиолог.