Со само неколку состојки, лесно можете да подготвите специјалитети идеални за дружење . Печените компири се едно од оние јадења за кои не е потребна вештина во кујната, а најзабавниот дел е да ги наполните со вашите омилени состојки. Послужете ги со салата и – уживајте.
Состојки за полнети компири:
- 8 средни компири
- 2 супени лажици маслиново масло
- 300 гр кисела павлака
- еден куп власец
- 1 мала главица лук
Подготовка на полнети компири:
- Компирите исчистете ги, добро измијте ги и исушете ги.
- Загрејте ја рерната на 180 степени Целзиусови.
- Избоцкајте ги компирите, додадете го маслото и солта. Ставете ги во рерна на решетката, под која ставате плех. Печете околу час и 20 минути или додека не се испечат.
- Исечете го врвот на главата на лукот, подмачкајте го со масло и завиткајте го во алуминиумска фолија и ставете го во рерна. Извадете го по 45 минути и оставете да се излади.
- Измешајте кисела павлака, сечканиот лук и сечканиот млад лук.
- Секој компир исечете го и премачкајте го со смесата.