Пешев: Ни престои најверојатно уште една енергетска криза

Извршниот директор на Стопанската комора Антони Пешев, во емисијата Бизнис 21 на ТВ21 рече дека веројатно на земјава и престои уште една енергетска криза од многуте кои се случиле во изминатиот период.

„Сметам дека ни престои уште една енергетска криза. Според последните информации, растот на цената на природниот гас ќе биде 13-14%, и тоа ќе повлече покачување на цената на нафтата, и поскапување на енергенсите и тоа би значело повторно криза. Се надевам дека ова ќе биде само времена мерка“, рече Пешев.