Пикси купил плац од два милиони евра! Во Црна Гора избрал место до имотот кој е во сопственост на контроверзниот бизнисмен, прска од луксуз (Фото)
Драган Стојковиќ Пикси им се придружи на јавните личности кои имаат свое парче мир во Црна Гора. Поранешниот фудбалер минатата година купил земјиште веднаш до одморалиштето на бизнисменот Мирослав Мишковиќ.
За ова селекторот на српската репрезентација платил околу два милиони евра, дознава Курир.
Екипа на Курир.рс го посетила ова место, и при тоа мештаните им ја објасниле локацијата каде Стојковиќ ја купил парцелата.
-Еве, види го тој рид таму, тој го купи Пикси. Веднаш до оградата на Вила Мишковиќ. Тоа е шума, рид, но вреди најмалку два милиони. Го купил од бизнисмен. До него се стигнува пеш, но најдобро со брод. Додуша, сета таа шума што порасна мора да се исече и да се направи парцела, па да се изгради – вели жител на Роса каде се наоѓа парцелата.
Според него, никој не е свесен што и кога таму ќе никне куќа или хотел.
-Кој ќе го знае. Од таму можете да го видите морето, целиот залив. Тоа е добра локација. Има мир, убаво е, а дел е од Мирослав. Овде го има целиот комплекс, куќата, изградил се. Сега сите зборуваат дека Пикси го купил, но не се знае што ќе прави со таа парцела – вели жител кој е родум од ова место.
Инаку, покрај Стојковиќ, куќа во близина има и актерката Бојана Маљевиќ, која со години не доаѓа во куќата покрај море, како и Сека Саблиќ. Семејството Стојковиќ обожава да летува на Јадранско Море. Кога се на приморје се дружат со семејствата Мишковиќ и Кариќ, па не е чудно што решиле да купат земјиште веднаш до вилата на бизнисменот. Минатата година со јахта го обиколија хрватскиот дел на Јадранот, а по тој повод посетија острови и неколку национални паркови. И оваа сезона се очекува доаѓање на фудбалски великан на крајбрежјето.
Да потсетиме, Пикси пред неколку години му продаде луксузна вила на Дедиње на својот помлад колега Душко Тошиќ за нешто повеќе од два милиони евра, а набргу потоа купи уште една куќа, во Дорчол. – Откако му ја продаде куќата на фудбалерот Душко Тошиќ, Пикси не се прости од Белград како место каде што живееше долго време и каде планира да помине добар дел од своето време во текот на годината. Заедно со сопругата дознал за продажба на зграда во центарот на градот и набрзо таа станала негова сопственост. Не се пазареше, затоа што му се допадна, особено што има неколку ката, кои можат да бидат како посебни станови – изјави извор кој е запознаен со тоа.