Пилотот морал да го сврти авионот и да се откаже од слетувањето поради коњот кој сакал да “скокне”: Еве што се случило
Во инцидент што се случи минатата недела, Боинг 747 кој летал од Њујорк за Лиеж, Белгија морал да се сврти и да се врати на аеродромот ЏФК бидејќи коњ се обидел да избега во товарниот простор.
Властите подоцна го евтаназираа животното поради повредите што ги добило кога избегало, јавува Си-Ен-Ен. Во авионот имало 15 коњи, но набрзо по полетувањето настанале турбуленции кои го исплашиле коњот кој се обидел да ја прескокне бариерата.
Успеал да ја прескокне бариерата со предните нозе, но се заглавил со задните нозе. „Коњот скокна и успеа да помине со двете предни нозе преку предната бариера и потоа се заглави.
Ова е втора ваква ситуација во сите овие години откако работам. И ние превезуваме илјадници коњи годишно. Коњот едноставно се исплаши“, изјави Џон Кутичели од аеродромот Џон Ф. Кенеди.
По инцидентот, авионот повторно полетал три часа подоцна, а подоцна успешно слетал во Лиеж.