Питата со тиквички е идеално летно јадење за кое се потребни само 15 минути за да се подготви

За подготовка на оваа пита ќе ви бидат потребни само 15 минути и еден голем сад во кој ќе ги соедините сите состојки.

Идеален е како топло предјадење или лесен ручек кој може да се послужи со зелена салата, јогурт или павлака.

Состојки

  • 5 јајца
  • 150 гр обично брашно
  • 1 ½ лажица прашок за пециво
  • 380 гр рендани тиквички
  • 1 главица кромид
  • 90 гр рендано сирење
  • 40 мл маслиново масло
  • Сол по вкус
  • Бибер по вкус

Загрејте ја рерната на 170 степени. Кромидот исчистете го и ситно исечкајте го, а ренданите тиквички добро исцедете ги со раце. Во сад со средна големина се матат јајцата, се додава измешаното брашно и прашокот за печиво и се меша со жица додека не се соединат состојките. Измешајте ги ренданите тиквички, кромидот, сирењето и маслото и зачинете со сол и бибер.

Лесно намачкајте и обложете тавче со големина од 30 x 20 cm со хартија за печење и истурете ја смесата во неа. Ставете во рерна 30 минути.

Извадете го, оставете да се излади малку, исечете го и послужете.