Две состојки кои секој веќе ги има дома прават чуда во борбата против настинката.
Доколку и вас ве „фатила“ сезонска настинка, искористете две природни состојки и за кратко време победете ја настинката. Корисните ефекти на медот се добро познати на сите, а циметот се смета за еден од најздравите зачини. Кога ќе ги комбинирате, ќе добиете здрав напиток кој навистина ќе ви помогне во сезоната на вируси.
Се верува дека овој природен напиток помага за зајакнување на имунитетот, при хронична кашлица, замор и ги прочистува синусите. Познато е дека медот е активатор на имунолошкиот систем, дека има антианемични и антисклеротични својства. Благодарение на својот хемиски состав, влијае на формирањето на крвните елементи на црвените и белите крвни зрнца.
Од друга страна, циметот е богат со антиоксиданси и други корисни соединенија, а истражувањата покажуваат дека може да помогне во контролата на шеќерот во крвта, да штити од срцеви заболувања и да го намали воспалението.
Еве како да подготвите напиток од мед и цимет
Во 1 dl млака вода измешајте една лажица мед и две лажици цимет во прав. Мешајте додека не се раствори медот. Ако сакате, можете да измешате само мед и цимет, без вода.
Пијте го напитокот два пати на ден, по можност три дена по ред.