ПЛАНИНАР од Северна Ирска загина додека се симнувал од десеттиот највисок врв на светот. Ноел Хана, кој го освои Монт Еверест 10 пати, се искачи на врвот на планината Анапурна (8091 m) во Непал во понеделникот и почина во текот на ноќта во кампот IV откако се спушти од врвот.
Јубарај Кативада од Министерството за туризам изјави дека се уште не се познати сите околности за оваа несреќа. Надлежните велат дека во таа област исчезнал и планинар од Индија, кој во понеделникот паднал низ процеп, а уште двајца индиски планинари биле спасени кога ги зафатило невреме додека се искачувале на Анапурна.
Осум од 14-те највисоки планини во светот се наоѓаат во Непал. Искачувањето на врвот Анапурна, кој првпат го искачи Морис Херцог од Франција на почетокот на 1950-тите, се смета за многу ризично поради честите лавини. Досега на тој врв се искачиле најмалку 365 луѓе, а повеќе од 72 го загубиле животот при искачувањето, пишува CNN.