ПЛАНОТ БИЛ ДА ГО УБИЈАТ МОАМЕР ГАДАФИ ДОДЕКА ТОЈ СЕ ВРАЌАЛ ОД ЈУГОСЛАВИЈА !? Наместо тоа, (не)намерно бил соборен патнички авион – конечно решена мистеријата за смртта на 81 патник
Поранешниот италијански премиер Џулијано Амато изјави дека Франција по грешка соборила италијански патнички авион над Средоземното Море во 1980 година, кога се обидела да го убие тогашниот либиски лидер Моамер Гадафи.
Џулијано Амато, кој два пати беше премиер на Италија, го повика францускиот претседател Емануел Макрон да го демантира тоа или да ја признае одговорноста на неговата земја за соборувањето на италијанскиот авион во кој загинаа сите 81 лица во него.
Во интервју за римскиот дневен весник „Република“, Џулијано Амато вели дека е сигурен дека на 27. јуни 1980 година, француската Армија планирала да го собори либискиот воен авион што Моамер Гадафи го користел за да се врати од конференција во поранешна Југославија и погодила цивилен авион по грешка.
Џулијано Амато, отфрлајќи дека нема цврсти докази за тоа, рече и дека Италија му сигнализирала на Моамер Гадафи, поради што тој не се ни качил во воениот авион.
Причината за падот на италијанскиот авион на внатрешната линија кај островот Уштица е мистерија која до ден денес не е решена.
Постојат тврдења дека експлодирала бомба во авионот на релација Болоња-Сицилија, но подоцна се појави информација дека испитувањето на остатоците, извлечени од морското дно, покажало дека авионот бил погоден со проектил.
Вечерта на соборувањето на авионот, радарските снимки покажаа зголемена активност на авиони на небото, а според Џулијано Амато, најверодостојната верзија е дека имало одговорност на француските авиони, кои вечерта на 27. јуни, 1980 година заедно со американските учествуваа на воени вежби.
„НАТО планираше симулација на вежба со бројни авиони во кои ќе се испукаат проектили, а целта беше Моамер Гадафи“, вели Џулијано Амато.
Според него, проектилот најверојатно бил истрелан од француски авион недалеку од Устика.
„Се прашувам зошто млад претседател како Емануел Макрон, чија возраст нема никаква врска со трагедијата во Устика, не сака да го отстрани срамот што ја оптоварува Франција. И тоа може да го направи на два начина, или да докаже дека оваа претпоставка е неоснована, или, доколку се потврдат нејзините основи, да понуди најдлабоко извинување во име на владата до Италија и семејствата на жртвите“, вели Џулијано Амато.
Џулијано Амато, кој сега има 85 години, вели дека во 2000 година, кога бил премиер, им пишал на тогашните претседатели на САД и Франција, Бил Клинтон и Жак Ширак, барајќи да разјаснат што се случило, но дека не добил одговор.
Кабинетот на Емануел Макрон денеска одговори дека засега нема коментар за изјавите на Џулијано Амато.