Плејофот во АБА лигата стартува на 28 април

 Со натпреварот меѓу Будуќност и Мега в петок ќе почне разврската за титулата во АБА лигата, соопшти денеска регионалното кошаркарско натпреварување.

Дуелот во Подгорица е закажан со почеток во 18 часот, а два часа подоцна во одбрана на титулата ќе тргнат кошаркарите на Црвена ѕвезда против Задар.

Првиот натпревар од четвртфиналето во плејофот меѓу Цедевита Олимпија и ФМП ќе се игра в сабота, додека датумите за четвртфиналните пресметки меѓу Партизан и Студентски центар, како што е соопштено, ќе бидат објавени веднаш по завршувањето на четвртфиналната серија на „црно – белите‘ против Реал Мадрид во Евролигата.

Четвртфиналето во АБА лигата се игра во две победи.