Приведен 20-годишник од липковско село по претрес во неговиот дом

Полициски службеници од СВР Куманово во координација со Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, денеска во 10.45 часот го лишиле од слобода 20-годишниот Р.И. од липковско село, информираат попладнево од Министерството за внатрешни работи.

– При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и семки од растението канабис, појаснуваат од МВР.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.