Новак Ѓоковиќ по победата над Талон Грикспор изјави дека причината за неговата послаба игра е стомачен вирус.
По пресврт, Новак Ѓоковиќ успеа да го совлада Талон Грикспор со резултат 4:6, 7:6, 6:4.
Холандскиот тенисер му пружи силен отпор, а Новак по мечот му честиташе на големата борба.
– Не го спушти нивото, можеби малку во третиот сет. Му честитам на играта. Ако победеше, тоа ќе беше заслужено. Во третиот сет успеав да го најдам својот ритам, мило ми е што успеав – изјави тој.
Новак нема многу време за одмор, но истакнува дека и претходно бил во вакви ситуации.
– Сум бил во вакви ситуации, па знам што треба да направам. Се надевам дека ќе имам сила да одиграм три сета, ќе биде сe потешко и потешко – вели тој.
Tој откри дека последните неколку дена боледува од стомачен вирус.
– Сега се чувствувам подобро, отколку што беше случај со повеќето натпревари. Енергијата ми падна, имам некаков стомачен вирус. Повеќе време поминувам на шолја отколку на теренот. Не е многу пријатно, но успеав да победам – изјави тој.